„Форум на градоначалниците – Успешни заедно“

Општина Прилеп со нејзини претставници, како партнер-општина на Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите присуствуваше на „Форумот на градоначалниците  Успешни заедно“ кој се одржа на 14-ти септември 2022, во Охрид.

На  „Форумот на градоначалниците  Успешни заедно“, учествуваа градоначалници, заменици градоначалници, секретари и претставници на локалните самоуправи од партнер-општините на Проектот од: Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар, Дебар, Липково, Студеничани, Брвеница, Јегуновце, Центар Жупа, Могила, Новаци, Македонски Брод и Дебарца.

На присутните им се обрати заменик директорот на Проектот на УСАИД за Зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, како и членовите на тимот на Проектот кои ги претставија активностите за поддршка на партнер општините за унапредување на општински капацитети во следниве области:

  1. Управување со општински јавни финансии
  2. Планирање и извршување на буџетот
  3. Фискална транспарентност и отчетност
  4. Планирање и прибирање на приходи од сопствени извори
  5. Пристап до надворешно финансирање
  6. Овозможувачка средина за вклучување на приватниот сектор

На форумот беше дискутирано како најдобро да се искористи техничката помош на Проектот, клучната улога и посветеноста на градоначалниците во спроведување на  активностите поддржани од Проектот, можностите, но и предизвиците со кои се соочуваат градоначалниците во подобрување на ефикасноста во секојдневното работење, со цел обезбедување на  поквалитетни услуги кон граѓаните.