Eко-акција за пошумување на месноста Алиници

Во организација на Советот на Општина Прилеп денеска беше спроведена еко акција за пошумување на месноста Алиници. Беа засадени 4000 садници, афтохтони сорти, багрем и јасен, карактеристични за ова прилепско поднебје!
Во еко акцијата за пошумување на месноста Алинци, зедоа учество на 500 прилепчани, советниците од Советот на Општина Прилеп ,вработени во јавните комунални претпријатија и јавната администрација, наставници, професори, претставници од граѓански организации и граѓани кои имаа една цел – за поголеми зелени површини, за поквалитетен воздух, за заштита на животна средина.

Ова нема да биде прва акција за пошумување на околината на Прилеп, истакна претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски:
„Климатските промени придонесуваат за уништување на природата и затоа се насочуваме со внимание кон животната средина. Како претседател на Советот на Општина Прилеп, заедно со советниците, посебен акцент ставаме на подобрување на животната средина во нашата општина и затоа ја организиравме оваа акција за пошумување на дел од атарот на населеното место Алинци – во близина на градската депонија.„ истакна претседателот на Совет на Општина Прилеп, Дејан Проданоски.
„Немаме резервна планета. Сите ние заедно да придонесеме за создавање на поздрава и поквалитетна животна средина, за нас и за идните генерации.„-рекоа учесниците на оваа еко акција за пошумување на голините кај с Алинци.