Денот на пролетта и екологијата одбележан во Прилеп

Денеска градоначалникот Борче Јовчески заедно со претседателот на Совет Дејан Проданоски и директорот на ЈКП „Комуналец“ Рубин Абрашоски по повод денот на пролетта и екологијата засадија дрвја од видот туи во ООУ „Кочо Рацин“, 15 јаворови дрвја во паркот во населба Точила и 50 бадемови дрвја во околината на манастирскиот комплекс „Трескавец“.

„Со голема еколошка акција во организација на ЈКП „Комуналец“ заедно со Општина Прилеп, денес го одбележуваме Денот на пролетта и Денот на екологијата. Во изминатиов период бевме силно посветени на чистење на огромен број на депонии и на запуштени градски локации. Продолжуваме да делуваме и понатаму континуирано во секојдневна координација со ЈКП „Комуналец“. Сите основни училишта денес се посветени на чистење на нивните училници и дворови. Одлучивме да ставиме акцент на засадување дрвца на повеќе локации со што ја подигнуваме свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина.

Го посетивме основното училиште „Кочо Рацин“ каде што засадивме дрвја од видот  туи, потоа засадивме дрвја во паркот во населбата Точила и на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Трескавец, овде засадивме 50 бадемови дрвја, со што уште повеќе сакаме да придонесиме во разубавувањето на овој прекрасен храм. Во наредниов период ќе продолжиме со вакви акции за засадување на дрвја, во текот на цела 2022 година планираме да засадиме околу 3000 садници, а исто така упатувам апел до сите наши сограѓани да бидиме совесни и да ја чуваме нашата животна средина затоа што немаме резервна планета. Сакам да ја искористам оваа прилика и да посочам дека даваме поддршка на денешниот светски ден на лицата со даунов синдром преку пораката „Сите во ист свет живееме“, изјави градоначалникот Јовчески.

Денеска беа засадени и садници на туи во паркот кај типските, исто така беа обновени и садниците кај споменикот „Карпалак“.