Активно учество на сите субjeкти во креирање на стрaтегијата за ЛЕР на Општина Прилеп

Општина Прилеп заедно со УНДП, во рамките на изготвувањето на Стратегијата за Локален економски развој на општината за период 2023-2027, одржа повеќе работилници/средби со претставници од различни сектори на општественото живеење, со цел заедно, со изнесување на предлози, сугестии, ставови и барања да се даде придонес во креирањето на овој важен стратешки документ за општината, кој во суштина ги отсликува потребите на граѓаните во Општина Прилеп.

Во креирањето на стратегијата за ЛЕР, активно зедоа учество културни и музејски работници, угостители, туристички водичи, граѓанскиот сектор, преставници од локалната самоуправа, од образованиетo, инфраструктурата, бизнис секторот, од јавните комунални претпријатија, преставници од животната средина, земјоделието и руралниот развој.

Стратегијата за Локален економски развој на Општина Прилеп е процес за креирање на визија и план на насоките за развој на Општината и претставува алатка за дефинирање на стратешките цели и приоритетните области и нивно имплементирање.