Во Општина Прилеп се одржа настан посветен на првите 100 дена од мандатот на локалната самоуправа предводена од градоначалникот Дејан Проданоски. На настанот беше презентирано сработеното, реализираните проекти и приоритетите за наредниот период, во духот на транспарентност и отчетност кон граѓаните.
„Сто дена можеби изгледаат како краток временски период, но кога тие денови се исполнети со интензивна работа, носење одлуки, соочување со предизвици и поставување темели за идниот развој, тогаш тие имаат голема тежина и значење. Функцијата градоначалник не е само административна позиција. Таа е обврска, одговорност и чест. Обврска да се работи чесно и домаќински, одговорност да се носат храбри и понекогаш тешки одлуки, но и голема чест да се служи на градот што сите го сакаме – нашиот Прилеп.“ – изјави градоначалникот Дејан Проданоски.
Во изминатите сто дена беа донесени клучни одлуки за стабилен финансиски развој, започнати и реализирани инфраструктурни зафати, вложено во подобри услови во образованието и спортот, преземени конкретни мерки за почиста и поздравa животна средина, како и иницирани активности за поголема социјална поддршка и развој на културниот живот. Со овие чекори се поставуваат темелите за долгорочна, системска и одржлива трансформација на градот.
На настанот присуствуваше и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, чија поддршка е значајна за реализацијата на идните инфраструктурни и развојни проекти.
Општина Прилеп продолжува одговорно, транспарентно и посветено да работи во интерес на сите граѓани, со јасна визија за модерен, уреден и економски развиен град.

