Здружение РОМА С.О.С – добитник на награда плакета „3-ти Ноември“

Здружението РОМА С.О.С е добитник на награда плакета „3-ти Ноември“ за едукација на ромското население. Годинава здружението одбележува 10 години од своето постоење. Работата на РОМА С.О.С пред се се базира на давање поддршка на ромската заедница во населбата Тризла во Прилеп, но и на други ромски заедници во Македонија каде имало потреба за тоа.

Извршниот директор Несиме Салиоска вели дека едни од главните принципи за кои се бори РОМА С.О.С се давање бесплатна правна помош, олеснување на комуникацијата помеѓу јавниот установи и ромската заедница и охрабрување на самата ромска заедница за да стане гласноговорник за своите права.

Салиоска потенцира дека нивното главно мото било тоа дека секој може да се бори за своето право, се додека со тоа не го повредува остварувањето на правата на другите. Тоа било и клучната порака со која го едуцирале ромското население за да се бори за интересите и потребите на колективитетот, наместо на индивидуата.

Видете и...

Градоначалникот Јованоски на сите православни христијани им го честита празникот Богојавление – Водици

Со желби за многу здравје, љубов и среќа, градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, на …