Заради влошувањето на ситуацијата со коронавирусот, Општина Прилеп ќе спроведе нова акција за дезинфекција на улиците

Влошувањето на состојбата со вирусот Ковид-19 во општина Прилеп, е
причината за новата акција за дезинфекција на улиците во градот, која ќе се
одвива во текот на раните утрински часови на утрешниот ден, среда 4 ноември.

Возилата на Територијалната противпожарна единица, со дезинфекциони
средства набавени од ЈП ПУП, ќе ги дезинфицираат улиците во централното
градско подрачје, како и главните улици во сите населбите на градот.

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, упатува апел до
граѓаните на општина Прилеп, доследно да се почитуваат мерките за заштита
од Ковид-19, односно да се носат заштитни маски, да се одржува неопходната
физичка дистанца и редовно да се одржува личната хигиена.

Согласно развојот на ситуацијата со вирусот, Општина Прилеп континуирано ќе
презема локални мерки за намалување на трансмисијата на заразата во градот
и населените места.