Информација: Заради влошување на состојбата со коронавирусот, Општина Прилеп ќе работи со редуциран капацитет

Заради влошувањето на состојбата со вирусот Ковид-19 во општината, а во
насока на зачувување на здравјето на граѓаните и своите вработени,
почнувајќи од утре, среда, 4 ноември, Општина Прилеп ќе работи со редуциран
капацитет.

Приемното одделение и одделението за администрирање на даноци при ЕЛС
Општина Прилеп, ќе бидат времено затворени за работа со странки. Граѓаните
ќе можат да ги доставуваат своите барања за документи и други услуги
поврзани со општинските одделенија, преку пошта на адресата на Општина
Прилеп, ул.,,Прилепски бранители’’ бр.1-Прилеп и преку преку праќање на е-
маил на следната електронска пошта: prilep@prilep.gov.mk

За сите наредни измени во работата и функционирањето на службите во рамки
на Општина Прилеп, граѓаните ќе бидат навремено информирани.