Заради непречено одвивање на сообраќајот, се кастрат и обликуваат дрвјата на ул.„Петта Прилепска бригада”

Со цел обезбедување услови за сигурен и безбеден сообраќај и градски превоз, ЈП „Комуналец“ врши кастрење и обликување на дрвјата на ул„Петта прилепска бригада“.  Со набавката на новите  автобуси и нивно вклучување во градскиот сообраќај, се јави потреба од високо кастрење на дрвјата на оваа улица.

 

Од оперативниот оддел од ЈКП „Комуналец“ информираат дека работата ќе биде завршена во најкраток можен рок и дека почнувајќи од 8Септември, новите автобуси ќе може непречено да сообраќаат и на улицата „Петта Прилепска бригада“.