Јованоски: Одбележувајќи го празникот, им оддаваме почит на оние кои ги положија своите животи во борбата за национална и социјална слобода

Честитка од градоначалникот Илија Јованоски, по повод Денот на
независноста 8.Септември:

Локалната самоуправа на Општина Прилеп и градоначалникот Илија Јованоски, на
сите граѓани на општина Прилеп и на Република Северна Македонија им го
честитаат празникот 8.Септември, Денот на независноста.
Продолжувајќи ја традицијата на мир, меѓусебно разбирање, толеранција и соживот,
сплотени заедно да го прославиме Денот на независноста на нашата татковина. Да им
оддадеме почит на сите нашите борци и херои, кои силно верувајќи во вековната идеја за самостојна и независна држава, ги положија своите животи во борбата за
национална и социјална слобода.

Го исполнуваме аманетот на нашите предци, посветено градиме стабилна, безбедна и
просперитетна држава. Денес сигурно чекориме по патот на Евроатланските
интеграции. Со брзото и успешно завршување на преговорите, докажавме дека сме
решени и можеме да ја исполниме стратешката цел, да станеме полноправна членка на
најголемиот воено-политички сојуз, НАТО Алијансата. Подготвено и посветно
работиме на реформите да станеме дел од семејството на европските развиени и
демократски држави.

Вложувањето денес, е вложување во иднината која им припаѓа на идните генерации
млади луѓе.

Нека е честит 8.Септември, Денот на независноста на Република Северна Македонија!