Во вторник поетска вечер во Прилеп

Петнаесет поети, членови на Клубот на литературни творци од Прилеп, утревечер ќе презентираат дел од своето поетско творештво пред прилепската публика. Љубителите на пишаниот збор ќе може да уживаат во избраните поетски творби, дел од творештвото на поетите, со почеток од 19:00ч. во изложбениот салон на центарот за култура „Марко Цепенков“.

Поетската вечер е една од содржините на „Прилепското културно лето“, што го организира центарот за култура во летниот период. Оваа манифестација има свој значаен придонес во збогатување на летната културна понуда во градот, и подигнување на нивото на културната консумација на љубителите на уметностите.