Во тек е ЈАВЕН ПОВИК за здруженијата на граѓани, фондации и спортски клубови

Врз основа на член 7 од Правилникот за утврдување на критериумите и постапката за доделување на средства од Буџетот на Општина Прилеп, (“Службен гласник на општина Прилеп” бр. 4/2009) и Правилникот за утврдување на критериумите и постапките за доделување на средства од Буџетот на Општина Прилеп за спортски клубови и професионални спортски клубови (“Службен гласник на општина Прилеп” бр. 3/2019), Општина Прилеп објавува

Ј А В Е Н   П О В И К  бр. 01/2022

За прибирање на барања за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2022 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија на граѓани, фондации и спортски клубови во областите од надлежност на општината.

Се повикуваат Здруженијата на граѓани и фондации од областите од надлежност на општината и тоа: спорт и рекреација, култура, социјална заштита и заштита на децата, образование и здравствена заштита и спортските клубови, своите барања за распределба на средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2022 год. да ги достават до Општина Прилеп во предвидениот рок.

Пријава за Јавен повик за Спортски клубови 2022

Пријава за Јавен повик за Здруженија и Фондации 2022

Јавен повик бр. 01-2022 за доделување на средства од Буџетот на Општина Прилеп за 2022