Игор Крстески нов директор на ЈКП „Пазари“

Игор Крстески е новиот вршител на должност директор на Јавното комунално претпријатие „Пазари“ во Прилеп.

Крстески е дипломиран економист и има долгогодишно работно искуство во областа на бизнис секторот и телекомуникациите. Игор Крстески доаѓа на местото на досегашниот директор Кристијан Илиески, кој што поднесе оставка од функцијата.