Во понеделник „Виолетов ден“ поддршка на лицата со епилепсија

По повод 26 Март – Светскиот ден за борба против епилепсијата насловен како
„Виолетов ден“, здружението „Епилепсија Македонија“ во соработка со Општина Прилеп, во понеделник ќе организира активности под мотото„Различни, а сепак исти“ на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ во центарот на градот.

Поддршка на настанот ќе дадат основните и средните училишта.
Виолетовиот ден е посветен на напорите за зголемување на свеста за
еплипесијата во светот.