Градежните активности за подобрување на патната инфраструктура во Прилеп и
населените места, го добиваат очекуваниот интензитет.
Во тек се работите на рехабилитација на една од најфреквентните сообраќајници
во градот, Кеј „9.Септември“,
„На Кеј ‘9.Септември’ се врши рехабилитација во должина од 900 метра и површина од 6.000 м2, а следната недела ќе се рехабилитираат и 4.000 м2 на Кеј ‘1.Мај’. Истовремено, продолжуваат работите на Кеј ‘1.Мај’, од населбата ‘Димо Наредникот’ кон ‘Сточен пазар’, како и реконструкција на улицата ‘Целе Мавроски’ во населбата ‘Подкули’. Сакам да истакнам дека следната недела започнуваат работите на улицата ‘Дабничка’ во населбата Тризла 2, како и на повеќе други улици во градот и населените места“, истакнува градоначалникот Илија Јованоски.
Покрај реконструкцијата и рехабилитацијата на улиците со средства од буџетот на
Општина Прилеп, наскоро со средства од Меѓународната банка за обнова и развој
– Светска Банка, преку Проектот за поврзување на локални патишта ќе започне и
реконструкција на дел од улицата „Мице Козар“.