„Велигденско дрвце на желби“ за децата од дневниот центар „Ѕуница“

Во организација на Лајонс клуб од Прилеп, прилепската организација на Црвен крст  и  дневниот центар „Ѕуница“, денеска пред  Градскиот часовник се одржа хуманитарен настан посветен на децата од дневниот центар. Настанот е насловен „Велигденско дрвце на желби“.

„Организираме настан ‘Велигденско дрвце на желби’, што е изработено од децата од дневниот центар „Ѕуница“ и на секое велигденско јајце е напишано името на детето со посебни потреби и неговата желба. Секој граѓанин што сака може да биде хуман, може да ја исполни желбата на децата од дневниот центар, ако земе велигденско јајце на желбите и го купи подарокот за детето“, посочи  Снежана Соколоска, претседател на Лајонс клубот од Прилеп.

Акцијата ја поддржа и директорот на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи,Живко Силјаноски.

„Ја поздравувам оваа хуманитарна акција, вакви иницијативи се секогаш добредојдени“, рече директорот Силјаноски.