Тутунарите од прилепскиот регион даваат безрезервна поддршка на владината аграрна политика

Во преполната сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“, синоќа се одржа
трибина на која за актуелните состојби во производството на тутун, зголемените
субвенции и новите аграрни политики на Владата, говореа министерот Љупчо
Николоски, градоначалникот Илија Јованоски, пратениците Кети Смилеска и Хари
Локвенец, директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Јане Станкоски и
други претставници на државни институции.

Министерот Николоски рече дека целта на средбите и трибините кои
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во иднина ќе ги
одржува низ целата држава, е да ги промовираат политиките и мерките кои имаат
развоен предзнак, особено во делот на субвенцинирањето и квалитетот на
производството на тутун. Николоски најави дека ваквиот начин на
субвенционирање, ќе биде проширен и на другите земјоделски гранки, вклучително
и сточарството.

Истовремено, министерот го најави новиот проект за рехабилитација на постојните
и изградба на мали екосистеми за наводнување, во чии рамки ќе биде опфатен и
прилепскиот регион. Николоски рече дека изработката на новиот Закон за тутун се
наоѓа во завршна фаза и дека за неколку денови ќе биде затворн предлог текстот,
после што Законот ќе биде ставен на увид на јавноста.

Прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, го искажа задоволството од одлуката
на Владата за зголемување на субвенциите на тутунот и потенцираше дека таа ќе
влијае исклучително позитивно на локалната економија.

Трибината предизвика голем интерес кај земјоделците од прилепскиот регион, кои
со бројните предлози и прашања поврзани со земјоделската проблематика, зедоа
активно во синоќешната трибина.