Стефанија Стефаноска, режисерка и граѓанска активистка, на средба со градоначалникот Јованоски

Стефанија Стефаноска матурантка во Гимназијата “Мирче Ацев“ од Прилеп, која воедно е и режисер на претставата “Чорба од канаринец”, денеска оствари средба со градоначалникот Илија Јованоски. Причина за посетата на Општина Прилеп и средбата со градоначалникот, е нејзиното присуство како делегат од  нашата земја на настанот кој се одржа во Куала Лумпур, Малезија, организиран од Обединетите нации.

„Одржување на самит во главниот град на Малезија, за мене претставуваше вистинско доживување. Се разговараше за глобалните цели кои треба да се реализираат до 2025-тата година, односно за донесување на одредени заклучоци и цели во полза на образованието за младите“, посочи Стефаноска.

Претставата “Чорба од канаринец”, на младата прилепска режисерка Стефаноска, е современа комедија базирана на една од вечните теми машко – женските односи.