Честитка од градоначалникот Илија Јованоски по повод Рамазан Бајрам

Почитувани,  верници од исламската вероисповед.

На сите вас, Ви  посакувам овој празник Рамазан Бајрам да го прославите во радост и среќа, здравје и бериќет.

Овие големи празници отсекогаш биле прилика за изразување на взаемна почит и пријателство помеѓу луѓето.

Празникот нека ни даде поттик и нека ни носи мир во душата, благодет во семејството и среќа во заедницата.

Честит Рамазан Бајрам

Градоначалник на Општина Прилеп

Илија Јованоски