Средното економско училиште од Прилеп, денеска ја одбележа 79 годишнината од смртта на нивниот патрон – народниот херој Кузман Јосифоски – Питу

Прилепчанецот кој ги носи најголемите заслуги за организирањето на НОБ и антифашистичкото движење во Република Македонија.
Тој е иницијаторот и главен организатор на Првото заседание на АСНОМ, како и автор на неговите државотворни документи. Роден е во Прилеп на 23 јуни 1915 година, а загинал во Скопје на 25 февруари 1944 година, убиен од бугарски војник.
Бил прогласен за народен херој на 2 август 1945, како еден од првите борци кои го добиле тоа одликување.
Со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Кузман Јосифоски-Питу во
центарот на Прилеп, како и пред неговите спомен бисти во истоименото
училиште и Могилата на непобедените денеска беше одбележана
годишнината од загинувањето на народниот херој, а во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ се одржа свечена академија по повод патрон празникот на СОЕПТУ „Кузман Јосифоски-Питу“.
Делегации од Општина Прилеп, Советот на Општина Прилеп, основните и средните училишта од градот, Сојузот на борци од Прилеп, како и градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на Советот, Дејан Проданоски, ги проследија и посетија денешните активности, изразија почит кон народниот херој и им го честитаа патрониот празник на сите присутни, на учениците и на целокупниот колектив на училиштето.