Советот ја потврди одлуката донесена на претходната 59-та седница на Совет на Општина Прилеп

Советот на Општина Прилеп, на 60-та ИТНА седница на Совет,
согласно член 51 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник
на РМ” број 5/02), го разгледа Решението бр.08-1939/3 од 04.08.2021
година на Градоначалникот на Општина Прилеп, со кое се запира
објавувањето на Решението за избор на Командир на Полициска
станица од општа надлежност-Прилеп, со бр.09-1924/6, донесено од
страна на Советот на Општина Прилеп на 59-та седниица одржана на
ден 29.07.2021 година.

Советот со 15 гласови ,,против,, донесоа Заклучок за неприфаќање на
решението на Градоначалникот на Општина Прилеп, а со тоа го
потврдија актот донесен на претходната 59-та седница на совет
односно Решението за избор на Командир на Полициска станица од
општа надлежност-Прилеп.