Благодарница за покажана несебична хуманост за прилепчанецот Дејан Аџиоски

Градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски денеска оствари средба со нашиот сограѓанин Дејан Аџиоски, кој живее и работи во Швајцарија и со чија заложба се реализираше донацијата вредна 200.000 швајцарски франци во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп. За време на средбата градоначалникот Јованоски  ја изрази својата благодарност за донираната опрема од страна на донаторот Седрик Пахуд, сопственик на компанијата BCD Micro Technique S.A од Швајцарија која ги произведува овие апарати и прилепчанецот Дејан Аџиоски.

Во знак на благодарност и лична заложба на Аџиоски од страна на градоначалникот Јованоски му беше врачена Благодарница за покажана несебична хуманост во време на пандемија од COVID – 19.

Изразувајќи ги своето задоволство од донираната опрема, градоначалникот Јованоски рече дека станува збор за хуманиот гест кој доаѓа од една земја која по карактер е хумана за целиот свет.

20-те неинвазивни вентилатори ќе бидат од огромна помош во лекувањето на хоспитализираните пациенти и од големо значење за болницата.