СОУ “Ристе Ристески Ричко“ и ООУ „Кочо Рацин“ ги одбележаа своите патрон празници

Делегација од ООУ „Кочо Рацин“-Прилеп, преставници од училиштето како и од Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп и делегации од останатите училишта од Прилеп, во чест на раѓањето 22 декември, на еден од најистакнатите македонски автори и основач на современата македонска литература, Кочо Рацин, денеска се поклонија и положија цвеќе на споменикот во училиштето и на Могилата на непобедените.
Во спомен на патрониот празник дел од учениците од ООУ „Кочо Рацин“- Прилеп подготвија и пригодна програма во театарот „Војдан Чернодрински“ каде беа рецитирани стиховите од херојот и поетот, Кочо Рацин.
Во знак на почит кон својот патрон и СОУ „Ристе Ристески Ричко“ го одбележаа патрониот празник, 21 декември. Во чест на патронот бројна делегација од училиштето, преставници од останатите училишта од градот и од Општина Прилеп и Советот на општината, положија цвеќе на споменикот Методија Андонов Ченто и на Могилата на непобедените. А во чест на патронот во училиштето беше одржана и свечена академија пред присутните гости и претставници на локалната власт.