Новогодишни пакетчиња од градоначалникот Борче Јовчески за најмладите

Во пресрет на претстојните новогодишни празници градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, започна со посета на основните училишта и здруженија и денеска ги посети училиштата: „Рампо Левката“, „Кире Гаврилоски-Јане“ и „Кочо Рацин“ како и Дневниот центар за деца со посебни потреби „Ѕуница“ и Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост “Порака“. Градоначалникот Јовчески на учениците, вработените и корисниците во центрите им ги честиташе претстојните празници, посакувајќи им многу здравје, среќа и успех во новата година.
Посетите кај најмалите на градоначалникот Јовчески и доделувањето на новогодишните пакетчиња ќе продолжат и наредните денови во сите основни училишта, градинки и соодветни здруженија.