СООПШТЕНИЕ – ЗАШТИТА ОД ПОЖАРИ

0

Општинскиот штаб за заштита и спасување од општина Прилеп, заради намалување и спречување на опасноста од појава на пожари на отворени простори кој што се актуелни во овој период од годината и кои што можат да предизвикаат големи материјални штети им СООПШТУВА на граѓаните да се придржуваат кон следните превентивни мерки за заштита од пожарии тоа:


1. Со прогласувањето на кризна состојба за појава на пожари на отворен простор од страна на владата на Република Северна Македонија ЗАБРАНЕТО е движење и престој во шума на лица без претходно прибавена дозвола од страна на надлежен орган –Национални Шуми ПШС Црн Бор Прилеп.
2. Забрането е палење на стрништа, плевели и други растителни отпадоци од сув вегетациски горлив материјал во ловиште, пасишта и на земјоделски површини односно палењето на отворен оган низ полето во шумата, шумските комплески и нивна непосредна близина.
3. Против сторителите на овие прекршоци од страна на надлежните органи ќе бидат превземени соодветни санкции согласно законот за прекршоци и другите позитивни материјални закони кој ја регулираат проблематиката од оваа област, односно изрекување парична казна – глоба за правни и физички лица.
4. Целокупната земјоделска механизација и транспортни средства кој што учествуваат во жетвата на посевите (комбањи, балирачки, трактори и товарни моторни возила) да бидат во потполна технички исправна состојба, а особено комбањите да бидат опремени со следната противпожарна опрема и средства за гаснење на пожари и тоа: противпожарен апарат со сув прашак од 6 или 9 килограми, пумпа за вода-брентача, две туби со вода од по 25 литри, казма, лопата и вреќа со песок.
5. Поправката на комбањите и останатата механизација која што учествува во жетвата да се врши на зелени и изорани површини, а не на парцелите со житни култури.
6. Не е дозволено пушење цигари на комбањот или на останатата механизација и транспортни средства на парцели со житни култури со слама и стрништа.
7. По извршувањето на жетвените работи поради постоењето на законската забрана НАЈСТРОГО е забрането палењето на стрништа.
8. Сопствениците на викенд куќи кој се наоѓаат на отворен простор – низ полето да превземат превентивни мерки, односно околу истите да направат заштитни појаси и да го отстранат вегетацискиот горлив материјал.
9. Да се внимава при употребата на кибрит, запалка, пушењето и фрлањето на неизгасните отпушоци и догорчиња.
10. Да се внимава на детската игра со кибрит, запалка и други предмети кои предизвикуваат отворен пламен.
11. Со сезоната на годишни одмори и напуштањето на домовите од страна на граѓаните на подолг временски период граѓаните да вршат исклучување на сите електрични апарати и уреди од електричната инсталација со исклучок на фрижидерите.
12. Предупредете ги оние кои имаат намера да запалат или запалиле оган, на опасностите од пожар затоа што во 99% случаеви причината за настанување на пожарите е човековото невнимание и негрижа.
13. Согласно член 29 од законот за пожарникарство секој граѓанин кој што ќе забележи непосредна опасност од настанување на пожар или ќе забележи пожар, должен е да ја отстрани опасноста, да го изгасне пожарот ако тоа може да го стори без опасност за себе и друго лице. Доколу граѓанинот не може сам да ја отстрани опасноста односно да го изгасне пожарот должен е веднаш да ја извести најблиската Противпожарна единица, Полициска станица или Центарот за управување со кризи на телефонските броеви:
– Противпожарна единица —————- 193
– Полициска станица  ——————— 192
– Центар за управување со кризи———195
и да побара помош од граѓаните во непосредна околина.
Огнот е добар слуга, но лош господар. Затоа НАШЕТО внимание и НАШАТА противпожарна култура низ полето, во шумите, излетничките места, нашите домови и работните места ќе придонесе да се заштитиме од пожари.
Општински штаб за заштита и спасување.