Соопштение за мерките и препораките на Владата по основ на забраната за движење на граѓаните

DCIM100MEDIADJI_0026.JPG

Им се соопштува на сите правни и физички лица, дека согласно мерките и препораките на Владата на РСМ по основ на забраната за движење на населението на територија на општина Прилеп, од утре, среда 8 април 2020 година, се забранува движењето на граѓаните во периодот од 16 часот до 05 часот наредниот ден. Во деновите од викендот, забраната за движење важи од петок од 16 часот, до понеделник до 05 часот.

 

За време на викендите, сабота и недела, ќе работат само дежурни маркети и аптеки.

  • Дежурните маркети ќе бидат определени согласно доставени барања и исполнување на критериумите за можност за вршење на лична достава на неопходни намирници
  • Барањата и критериумите ќе бидат објавени на веб страната на општина Прилеп  www.prilep.gov.mk во текот на утрешниот ден
  • Дежурните аптеки се утврдени согласно планот за работа и организација на Министерството за здравство.

Сите информации околу мерките и активностите кои се спроведуваат на територијата на општина Прилеп за време на вонредната состојба, можете да ги најдете на www.prilep.gov.mk