Соопштение за ЈП и ЈА

БР._______________

од________________.2022 год.

Прилеп

Врз основа на член 35, став (1) и став (13) од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 193/15, 44/15, 31/16, 163/16,64/18 и 168/18), член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ 32/20) и член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.весник на РМ бр.5/02), член 26 од Статутот на Општина Прилеп, Градоначалникот на Општина Прилеп го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е

 Се организира повторна јавна презентација и јавна анкета по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.11, ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Опис на планскиот опфат:

Северозападната граница почнува од накрсната точка на осовините на собирната улица Булевар „Гоце Делчев“ со ознака С1 и сервисната улица „Димо Наредникот“ со ознака Ср7 и оди кон североисток по осовината на Булевар „Гоце Делчев“ до нејзината вкрсна точка со сервисната улица „Кузман Јосифоски“ со ознака Ср10 во должина од 257 м’, каде врти во северозападен правец по осовината на сервисната улица „Кузман Јосифоски“ во должина од 306 м’, потоа врти во југозападен правец по осовината на сервисната улица „Архиепископ Доситеј“ со ознака Ср9, се до вкрсната точка со улица „Димо Наредникот“ во должина од 200 м’, потоа врти кон југоисток по осовината на улица „Димо Наредникот“, се до вкрсната точка со собирната улица, Булевар „Гоце Делчев“, која е и почетна точка на границата на опфатот формирајќи затворен полигон со површина на планскиот опфат од 72124,38 м2, односно 7,21 ха. Планскиот опфат досега е урбанизиран, но планот е делумно реализиран и во него најзастапена е група на класа на намени А1 – домување во станбени куќи, потоа останатиот дел е основна класа на намена А2 – домување во станбени згради, по некој објект со намена Б1 – мали комерцијални дејности и В1 – образование и наука, односно објект на ООУ „Климент Охридски“, Прилеп.

Повторната јавна анкета и јавната презентација по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 3, БЛОК 3.11, ОПШТИНА ПРИЛЕП ќе се спроведе со излагање на Конечниот Предлог План во просториите на Општина Прилеп.

Повторната јавна анкета ќе трае 6 работни дена од денот на објавувањето на Соопштението, односно од 28.11.2022 година до 05.12.2022 година секој работен ден од 8,30 до 15,30 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Повторната јавна презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 29.11.2022 година, вторник, во 10:00 часот во просториите на Општина Прилеп.

ГРАДОНАЧАЛНИК

на Општина Прилеп

Борче Јовчески

ДУП за блок 3.11

Одлука 3.11

Соопштение 3.11