Со континуитет на инвестиции во образованието, ќе изградиме квалитетен образовен систем!

Градоначалникот Борче Јовчески продолжува со посета на училиштата во Општина Прилеп и увид во реализацијата на сите проекти.
Oд 1 ви декември па досега во ООУ „Климент Охридски“
континуирано се инвестираше во училиштето:

-Комплетно уредување на школскиот двор.
-Нови огради на двете страни на фудбалското игралиште.
-Два кошеви за баскет.
-Комплетна реконструкција на тоалетите во посебното училиште.
-Адаптирана нова спортска сала за децата со посебни потреби.
-Реконструкција на престој.
-Комплетна реконструкција на сензорната соба во посебните паралелки.
-Доопремување на ресурсни материјали за дефектолозите.
-Градежна реконструкција на школскиот двор во подрачното училиште во с.Мажучиште.
-Нови пвц врати во внатрешниот дел на подрачното училиште во с.Мажучиште.
-5 смарт телевизори за новата концепција на учење.
-Комплетна реконструкција на просториите за техничкиот персонал.
-Комплетна реконструкција на 1 и 2 кат на ѕидовите во училиштето.
-Нова комплетно уредена библиотека во училиштето.
-Комплетна реконструкција на сите тоалети во училиштето(6 тоалети)
-Смена на сите светилки,во замена со смарт лед светла на сензор.
-Комплетно опремување на спортски ресурси за во двете сали.
-Нов кабинет по природни науки со поставување на комплетен одвод и довод.
-Комплетно варосување на ходниците во училиштето и стоматолошката ординација.
-Набавка на преку 50 столчиња.
-Замена на дел од стаклата на задниот дел на влезот,со перфорирани стакла.
-Комплетно преуредување на зелената површина во училиштето на 3 паркови.
Сите овие поправки и реконструкции со цел подобрување на образовниот процес во ООУ „Климент Охридски“ се обезбедени од финансискиот план на локалната самоуправа.

ООУ „Добре Јованоски“ годинава обезбеди наставно – образовни помагала (смарт табли) во вредност од (521.520 ден) со средства од буџетот на Локалната самоуправа – Прилеп. Грижејќи се за подобра безбедност на учениците ова училиште годинава обезбеди физичко обезбедување на централното училиште, видео надзор за помошната зграда „Лазо Филипоски Лавски“, каде има 7 паралелки, преку јавна набавка во висина од 359.123 ден, средства од Локалната самоуправа.
Со 631.434 ден за подобрување на хигиената и дезинфекција, училиштето ова лето ги исфарба училниците, ходниците и канцелариите. Се исфарба и спортската сала и изршено е комплетно уредување на библотеката со нов инвентар. Благодарение на добрата соработка на раководниот тим и родителите, Советот на родители од ова училиште донираше 480 нови лектирни изданија. Ова училиште за грижата на учениците со посебни потреби адаптираше просторија за децата со посебни потреби како и три помали магацински простории за свои потреби. Училиштето доби во донација: два телевизори, поликолор и бои, кои ги обезбедија иселениците во соработка со Локалната самоуправа. Хортикултурно комплетно се уреди дворот со помош од целокупниот персонал на училиштето, а се поврза со водоводна мрежа и се адаптираше кабинетот по хемија.