Се асфалтира улицата “Кеј Бранко Секулоски” и се чисти речното корито во населбата „Тризла 2

Со асфалтирањето на Кеј „Бранко Секулоски“ во должина од 670 метра, се
решава еден од проблемите на граѓаните од овој дел на градот.

Според комуналната програма на Општина Прилеп, завршени сеградежните
активности на оваа улица, при што целосно е отстрането старото тло на
коловозот, заменета е старата водоводна инсталација, поставена е нова
канализациона мрежа, заменети се оштетените ивици со нови, а извршено е
тампонирање и асфалтирање на улицата со вкупна површина од 4.000 м2.

Во моментов се изведуваат градежни работи на бројни локации низ градот. Се
вршат детални интервенции, се преземаат пообемни градежни активности со
кои што се решаваат децениски комунални проблеми  на граѓаните. Се
тампонираат и асфалтираат повеќе улици, а на места старата дотраена
азбестна инсталација се менува со нова водоводна инсталација, изработена по
европски стандарди.

Исто така, согласно сите стандарди, се градат нови улици со безбедни
тротоари и регулирана атмосферска канализација, која што при секој пороен
дожд им создава проблеми на граѓаните на Прилеп.