Решение за одобрување на планска програма за изработка на ДУП за четврт 4, блок 4.1, блок за детално планирање 4.1.1

Градоначалникот на Општина Прилеп, решавајќи по предлогот за одобрување на планска програма за изработка на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 4, БЛОК 4.1, БЛОК ЗА ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ 4.1.1,ОПШТИНА ПРИЛЕП, од Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со Решение бр.08-2737/1 од 10.11.2020 година и Решение за измена на Решението за форимрање на Комисиј за урбанизам на Општина Прилеп број 08-2737/1 од 10.11.2020 година со заверка број 08-2018/1 од 06.08.2021 година, а врз основа на член 44 став 7 од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр. 32/20), го издава следното:

 РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма, поднесена со барање број 10-2079/1 од 12.08.2021 година, за изработка на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 4, БЛОК 4.1, БЛОК ЗА ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ 4.1.1,ОПШТИНА ПРИЛЕП.

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ

Барателот Друштво за градежништво, трговија и проектирање ПЕРКАН ПРОЕКТ ДООЕЛ Прилеп до Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Прилеп, со Решение бр.08-2737/1 од 10.11.2020 година и Решение за измена на Решението за форимрање на Комисиј за урбанизам на Општина Прилеп број 08-2737/1 од 10.11.2020 година со заверка број 08-2018/1 од 06.08.2021 година поднесе барање за одобрување на Планска програма, со број 10-2079/1 од 12.08.2021година, за изработка на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 4, БЛОК 4.1, БЛОК ЗА ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ 4.1.1,ОПШТИНА ПРИЛЕП.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Предлог планска програма

Изработувачот на планската документација изработи Планска програма за  изработка на ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ЧЕТВРТ 4, БЛОК 4.1, БЛОК ЗА ДЕТАЛНО ПЛАНИРАЊЕ 4.1.1,ОПШТИНА ПРИЛЕП,  и преку комисијата за урбанизам ја достави до Градоначалникот со предлог за одобрување.

Градоначалникот на Општина Прилеп по извршениот увид во приложената документација со барањето и предлогот од Комисијата за урбанизам констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Законот за урбанистичко планирање (Службен  весник на РСМ бр.32/20). Врз основа на тоа, а согласно член 44 став 7 од Законот за  урбанистичко планирање донесе решение како во диспозитивот.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО:

Против ова Решение, барателот може да изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на одобранието до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.

Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

ПРЕЗЕМЕТЕ ГИ ДОКУМЕНТИТЕ

ГРАДОНАЧАЛНИК
Борче Јовчески