Реакција на прес

Почитувани,

Општина Прилеп најостро ги отфрла обвинувањата од страна на лицето Бисерко Тркља кој не е сопственик ни управител на фирмата Нов Феникс Дабал 1 (подружница),  за која што денес излезе со реакција во јавните медиуми.

Како општина, ве информираме дека објектот кој се наоѓа на посочената адреса ги нема подмирено обврските по основ на комунална такса за користење на јавна површина пред деловен објект за поставување на урбана опрема за тековната 2019 година. Поточно до 10.05.2019 година до Општина Прилеп нема поднесено ниту барање за добивање на одобрение.

На истата адреса правниот субјект за тековната 2018 година ги нема намирено обврските по истиот основ за што е поднесена прекршочна пријава до Основен суд – Прилеп. Општина Прилеп работи согласно позитивните законски прописи.