РЕАКЦИЈА НА ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВМРО-ДПМНЕ

Стручност, професионалност, одговорност, посветеност во работата. Ова се критериумите врз основа на кои се ангажираат новите кадри во Општина Прилеп.За ефектите од работата на новоангажираните кадри говори реализацијата на сите активности што ги презема Општина Прилеп, а кои што се дел и од Програмата на градоначалникот Илија Јованоски.

  • Отворање на детска градинка „Рампо Левката“,
  • Во тек се активностите за изнаоѓање локација за нова детска градинка и изработка на техничка документација,
  • Завршени се градежните активности за новиот Дневен центар за лица со церебрална парализа, набавена е опремата, во моментот се работи на уредување на дворот,
  • Со пари од ЕУ, во тек е проектот „Маркови кули – заштита и делување“,
  • Реконструкција и асфалтирање на патот кон населено место Селце во должина од 650 метри со пари од ЕУ – ИПА грант за рурална инфраструктура имплементиран од Светска банка-МСИП проект,
  • Изработка на урбанистичка документација за населените места Ореовец и Крстец, проект кофинансиран од Бирото за регионален развој,
  • Проект за набавка на мобилно против-пожарно возило, за интервенции во високи зони, финансиран преку Програмата за регионален развој,
  • Се работи на подготовка на техничка документација за проектот „Гасификација на Прилеп“,
  • Се работи на проект за уредување на велосипедска патека и спортско-рекреативна зона кај вештачкото езеро, со цел развој на алтернативниот туризам,
  • Проект за уредување на Старата чаршија, којшто се аплицира преку Светска банка,
  • и бројни други проекти и активности за подобрување на квалитетот на животот во градот.

Општина Прилеп и градоначалникот Јованоски за својата работа не одговараат пред Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, туку пред сите граѓани на Прилеп. Заложбите токму затоа се во правец на реализација на проекти, и решавање на проблеми кои што токму претходната власт ги имаше заборавено.

Катастрофалната состојба со инфраструктурата, улиците и патиштата се одраз на крајната неодговорност на претходната локална власт. Општина Прилеп презема низа градежни активности за санација на ударните дупки, асфалтирање на улиците,за урбано уредување на делови од градот, зашто деценија и повеќе овие проблеми создаваа лоша слика и проблеми во комуналното живее на граѓаните.

Но, имајќи ја предвид политичката констелација и резултатите од последните локални избори, разбирливи се обидите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на денешната прес конференција, на ваков начин, со неосновани критики, конструкции, често спинови да го држи политичкото внимание кај својот електорат.