Одбележан „Денот на сеќавање на загинатите руски војници во Првата светска војна“

Во организација на амбасадата на Руската федерација во земјава, денеска, на германските гробишта во Прилеп беше одбележан „Денот на сеќавање на загинатите руски војници од Првата светска војна“,  1-ви август. Почит на загинатите борци им оддадоа бројни делегации: на Општина Прилеп и Советот на Општина Прилеп, делегација на руската амбасада во Македонија, предводена од амбасадорот Олег Шчербак, делегација на АРМ, здруженија и граѓани, а свештенослужители од прилепското архијерејско намесништво при МПЦ, одржаа панихида.

„Денеска се собравме пред споменикот на паднатите руски војници кои загинаа во Првата светска војна. Во нивно име ние им оддаваме почит преку сеќавање на сите руски војници и офицери кои загинаа овде, а нивниот број е околу 5.ооо луѓе. Денешниот собир не е случаен, бидејќи токму на овој ден 1-ви август во Русија се одбележува сеќавањето на загинатите руски војници во Првата светска војна. Оваа војна беше навистина одамна, но сеќавањата се останати и кај денешните генерации.Тоа беше голема трагедија за светот. Преку настаните од војната треба да сфатиме дека војната нетреба да служи како инструмент за решавање на меѓународните или регионалните проблеми и до какви трагични последици доведува војната“, изјави амбасадорот Олег Шчербак.

Овој ден е за почит и присет на жртвите што ги вградија своите животи во победата на најголемото зло.

“Рускиот крст“ како спомен обележје, во кругот на Меморијалниот центар – германски гробишта во Прилеп, е поставен во 2014-та година, во рамките на чествувањата – 100 години од крајот на Првата светска војна.