Почитувани сограѓани,
Ве информираме дека на ден 26.05 (вторник) и 27.05 (среда), во периодот од 22:00 до 05:00 часот, екипа од Центарот за јавно здравје – Скопје ќе ја спроведе првата фаза од адултицидната терестрична дезинсекција (од земја) на територијата на Општина Прилеп, со цел уништување на комарци.

Дезинсекцијата ќе се изведува со УЛВ апаратура за ладно замаглување, поставена на пикап возило, со претходница од друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите урбани заедници во градот Прилеп и неговата периферија, како и населените места:
Мажучиште, Ореовец, Лениште, Селце, Лагово, Беровци, Кадино Село, Галичани, Тополчани, Ерековци, Канатларци, Чепигово, Тројкрсти, Мало Коњари и Големо Коњари.
Се известуваат пчеларите навремено да преземат соодветни превентивни мерки за заштита на пчелните семејства, со цел избегнување на евентуални несакани последици.
Во случај на неповолни временски услови (дожд и ветер), дезинсекцијата ќе биде одложена за првиот нареден поволен ден.
Општина Прилеп апелира до граѓаните за разбирање и почитување на препораките, со цел успешно и безбедно спроведување на активностите

