Општина Прилеп продолжува со континуираното дезинфицирање на градот. Откако во изминатите денови беа дезинфицирани улиците и јавните површини, денеска на ред дојдоа здравствените институции: Општата болница „Борка Талески“, Центарот за јавно здравје, Здравствениот дом и службата за Итна медицинска помош, а дезинфициран беше и дворот на црквата „Св.Благовештение“.
Дезинфицирањето на улиците и институциите во градот, како и на населените места во општина Прилеп, ќе продолжи и во следните денови согласно предвидената динамика.
