Продолжува асфалтирањето во општина Прилеп

Денес продолжи асфалтирањето улици на територијата на општина Прилеп. Се асфалтираше улицата Дабнички Завој во прилепската населба Тризла. Оваа улица опфаќа и неколку краци со што вкупната должина која ќе биде асфалтирана опфаќа околу 300 метри, а целата површина е oколу 2000 метри квадратни.