Градоначалникот Јовчески ја отвори манифестацијата „Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“

Градоначалникот Борче Јовчески денеска присуствуваше на манифестацијата Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“.  Градоначалникот Јовчески ги поздрави присутните посочувајќе дека, чест и задоволство е што денес има прилика заедно да започнеме една нова традиција во нашиот град со првото издание на фестивалот ОПЕН БЈУТИ ХЕАР ФЕСТ. Слободно можам да кажам дека вие овде го работите и го промовирате еден од најблагородните занаети, кој едноставно мора да се негува и одржува бидејќи тој е дел од нашата традиција. Фестивалот во ваков формат се одржува за прв пат во Македонија, меѓутоа е продолжение на досега направени два фестивали од ваков вид во Прилеп, но сега ребрендиран и подигнат на високо професионално ниво од меѓународен карактер.


„Ја користам приликава да се заблагодарам на организаторот кој заедно со Секцијата на фризери, бербери и козметичари од Прилеп овозможија ова денес да се случи, а се надеваме дека ќе прерасне во традиција. Морам да истакнам дека ме радува фактот што во Прилеп имаме креативни и иновативни луѓе кои придонесуваат во создавање на вакви настани кои се од исклучителна важност за градот Прилеп. Програмата на овој фестивал е навистина богата, па затоа сега би сакал да ви посакам успешна работа, многу дружба, забава и секако одлична атмосфера, онака како што доликува за еден ваков фестивал“, посочи градоначалникот Јовчески.

Крешимир Крешо Здравески, организатор нафестивалот Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“ вели дека целта на настанот е сплотување на фризерите, берберите и козметичарите како и изразување на нивната креативност, размена на знаење и практичноискуство  како и подигање на свеста за зачувување наеснафот.

„На фестивалот на убавинатаОpen beauty Hair Fest Prilep 2022“ оваа година земаа учество гости од Србија, Албанија и Италија. За прв пат овој тип на манифестација започна со детско фризерско шоу на кое беа презентирани сите препарати за нега на детското здравје. Потоа следуваше настап на тимот одСОУ Ѓорче Петров насока фризери и козметичари. Веднаш потоа програмата продолжи со презентација на гостите како: Теса бјути академија, Фарма вита, Кене, Србија гламур тим, Србија барберинг тим, тимПрилеп и тим Македонија. Исто така за прв пат „Open beauty hair fest 2022“ имаше и саемски дел на кој компаниите од козметичката и здравствената индустрија ги претставија своите производи и услуги.Очекуваме оваа манифестација да прерасне во традиционален настан со кој ќе се направи голема промоција и афирмација на градот, заживување наекономскиот бенефит во градот кој сосема запре вовреме на КОВИД пандемијата, зачувување на еснафот, а воедно и запознавање на младите со овој занает“, истакна Крешимир Здравески, организатор нафестивалот Оpen beauty Hair Fest Prilep 2022“.

Организаторите овој тип на манифестација ќе ја искористат општествената  одговорност, со собраните средства ќе направат трибини на теренот за вештачка трева.