Прилеп одбележа 119 години од загинувањето на Гоце Делчев и 110 од загинувањето на Пере Тошев

Денес на 4 мај одбележуваме два значајни датуми за Република Македонија а тоа се 119 години од загинувањето на Гоце Делчев и 110 години од загинувањето на Пере Тошев.

 

Делегација од Општина Прилеп предводена од градоначалникот Борче Јовчески, заедно со делагации од Советот на Општина Прилеп, политичките партии, Сојузот на борци од Прилеп како и претставници од МПЗ од Прилеп положија свежи цвеќина пред спомен обележјата на македонските револуционери.

Исто така беше одбележан и патрониот празник на ООУ „Гоце Делчев“ каде што со пригодна програма подготвена од страна на наставниците и учениците од истоименото основно училиште беше одбележан овој значаен ден за ова наше основно училиште.

Градоначалникот Јовчески и директорката Снежана Котева исто така се обратија пред присутните и им го честитаа патрониот празник на училишниот колектив а исто така им посакаа многу успех во учењето на дечињата.

„Училиштето чиј патрон празник денес го одбележуваме го носи името на човекот кој целиот свој живот го посветил на идејата за слободна македонска држава. Денес 119 години по неговата смрт ги чествуваме неговите заложби и како народ ни претставува должност да ја следиме неговата идеја. Но за жал и во денешно време, во годината во која уште и одбележавме 150 години од неговото раѓање, мораме уште поцврсто сеуште да се бориме за зачувување на македонските национални интереси и зацврстување на нашиот идентитет. Пред неговиот лик и дело ветуваме дека од тоа никогаш нема да одстапиме.“ истакна градоначалникот Борче Јовчески.