Прилеп е исчистен од околу 230 метри кубни комунален и градежен отпад

Точно 200 метри кубни комунален и гражен отпад е собран во денешната акција за чистење на дивите депонии во околината на Прилеп со механизацијата на прилепските јавни претпријатија и со поддршка од приватната фирма „Изофас“. А, дополнителни 23 метри кубни комунален отпад е собран од бројните диви депонии што ги создаваат несовесните граѓани крај вештачкото езеро. Оваа акција ја изведоа доброволци- вработени во Општина Прилеп и јавните претпријатија, предводени од своите директори и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.

Градежниот шут и комуналниот отпад е депониран во депонијата кај селото Алинци. Градот е почист за околу 250 м3 отпад. Акциите да продолжат, а досегашните несовесни постапки, граѓаните нека ги коригираат.

Доволно е да не се загадува повторно исчистеното. Да ја чуваме животната средина, зашто е наш единствен дом, друга алтернатива немаме. Да го дадеме секој поединечно својот придонес во заштита на животната средина, што пак е влог за подобро здравје и иднина на идните генерации.

Градоначалникот Илија Јованоски и в.д. директорот на ЈКП „Комуналец“ Звонко Јованоски, најавија дека еко-акциите во организација на Општина Прилеп ќе продолжат.

Денешната еколошка акција беше дел од инцијативата на Заедниците за локална самоуправа (ЗЕЛС) за почиста Македонија, под мотото „Општините чистат“!