Предновогодишни средби на градоначалникот Јованоски со најмладите

По повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, традиционално и оваа
година градоначалникот Илија Јованоски беше во посета на дел од градинките и
основните училишта во општина Прилеп.

Градоначалникот ги посети првооделенците од ООУ „Блаже Конески“, дечињата
од детските градинки „Тризла“ и „Гоце Делчев“, штитениците во Дневниот центар
„Ѕуница“ и учениците од посебните паралелки во ООУ „Климент Охридски“.

На средбите, градоначалникот Јованоски на најмладите им посака многу здравје,
и среќни мигови во новата 2020 година и, секако, многу успеси во учењето
бидејќи, како што истакна Јованоски, кај нив е и најголема среќата и возбудата од
доаѓањето на новата година.

Честитајќи им ги претстојните празници, градоначалникот Јованоски им посака
добро здравје и успех како на приватен, така и на професионален план на
родителите на нашите најмлади сограѓани и на вработените во институциите кои
ги посети.

Како и секоја година, така и оваа Општина Прилеп се погрижи 3.024 новогодишни
пакетчиња да бидат дистрибуирани до сите првачиња во основните училишта и
до дечињата во детските градинки.