Предновогодишен забавен концерт „Со звуците на убавата музика“

Синоќа во големата сала на ЦК “Марко Цепенков“, љубителите на убавиот звук
имаа можност да уживаат во свечениот предновогодишен концерт „Со звуците
на убавата музика“.

На концертот настапија: Марин Бабиќ, Александар Митевски, Џон Илија-
Апелгрин, Драган Спасов-Дац, Огнен Јанески, Љупчо Шилоски-Шилото, Мила
Москов, Квартет Интермецо во состав: Андријана Дукоска на виолончело,
Љупчо Трајаноски на виола, Борис Миленкоски на саксофон и Илија Чакароски
на гитара.

Концертот е дел од богатата новогодишната понуда, во организација на
Општина Прилеп, на кој присуствуваа градоначалникот Илија Јованоски,
претседателот на Совет, Миле Талевски и голем број на граѓани.