ПРАШАЛНИК ЗА ИЗРАБОТКА НА ПЛАН ЗА ОДРЖЛИВА УРБАНА МОБИЛНОСТ

Општина Прилеп во координација со Министерството за транспорт  е во фаза на изработка на План за одржлива урбана мобилност (Susteinable Urban Mibility Plan – SUMP), чии резултати во иднина ќе придонесат во подобрување на пристапноста,  промовирање на здравјето и безбедноста на граѓаните, поддршка на економскиот раст и ублажување на влијанијата врз животната средина. Сето ова ќе се постигне преку подобрување на патната инфраструктура, промовирање на одржливи начини на транспорт и усвојување на иницијативи со ниска содржина на јаглерод, насочени кон намалување на емисиите и оптимизирање на протокот на сообраќај, што за градот Прилеп ќе биде од големо значење.

За подобро идентификување и дефинирање на проблемите со кои се соочуваме во Прилеп,  Ве молиме да одвоите десетина минути од вашето време и да го пополните овој анкетен прашалник.

Однапред Ви благодариме !!

ЛИНК КОН ПРАШАЛНИК