Повеќенаменското спортско игралиште, дел од инвестициите во ООУ „Гоце Делчев“

Целосно реновирани тоалети, изградено повеќенаменско спортско игралиште, комплетна промена на осветлувањето во училиштето со ЛЕД светилки, како и реновирање на системот за греење, се дел од проектите реализирани во изминатите 3 години во ООУ „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Директорот на училиштето, Веле Ѓорѓиоски, нагласува дека во изминатиот период училиштето е молерисано, старите дрвени врати од училниците заменети се со ПВЦ, заменети се цевките за довод на вода во должина од 300 метри, направен е нов одвод во должина од 150 метри, а изградена е и обиколна бекатонска патека во должина од 150 и широчина од 4 метри.

„Сите овие проекти се реализирани со средства од локалната самоуправа, соработка која со несмален интензитет продолжува и во тековната 2021 година. За оваа година планирана е набавка на 29 компјутери, за кои тендерот е во завршна фаза, набавка на сите нагледни средства, поставување на реквизити за детско игралиште во училишниот двор, како и инсталирање на систем за обезбедување на техничка вода за системот ‘капка по капка’ и оградување на подрачното училиште во Радобил“, истакна директорот на ООУ „Гоце Делчев“, Веле Ѓорѓиоски.