Петта изложба на Атанас Ристески – Пембе

Градоначалникот Илија Јованоски, синоќа присуствуваше на петтата по ред изложба на познатиот уметник и архитект Атанас Ристески – Пембе, која се одржа во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“- Прилеп.

Атанас Ристески – Пембе е роден во Прилеп. Завршил Архитектонски факултет во Скопје, после што работи како архитект. Покрај архитектурата се занимава и со сликарство. Досега, има реализирано четири самостојни изложби, две во Прилеп и по една во Битола и Скопје.

Неговите дела зборуваат за старата прилепска архитектура и традиција.