Четвртоодделенците од ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“ во посета на Општина Прилеп

Денеска,  Општина Прилеп беше посетена од учениците од 4-то одделение при ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Причина за посетата беше запознавање со Општина Прилеп, тема кои децата ја изучуваат по предметот општество.

Децата се запознаа со дел од секторите на Општината. Го посетија секторот за урбанизам, секторот за финансии, научија што е тоа Совет на општина и како функционира. Го посетија и Јавното претпријатије за просторно и урбанистичко планирање (ЈП за ПУП), а се запознаа и со проектите на кои во моментот работи ова јавно претпријатије. На крајот го посетија кабинетот на градоначалникот Илија Јованоски и остварија средба со него, а тој им посака топло добре дојде.

Општина Прилеп е транспарентна општина и е отворена за сите идеи, сугестии, предлози и критики кои ќе доаѓаат од сите заинтересирани граѓани, граѓански здруженија, невладини организации, граѓански иницијативи, неформални групи и поединци кои сакаат да учествуваат во идеите и спроведувањето на политиката на локалната самоуправа. Во петок Општината ќе биде посетена од страна на учениците од ООУ „Гоце Делчев“.