Осмомартовски концерт на класична музика

Утре на 06.03.2018 год со почеток во 18.30 часот

Музичкото училиште ООМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ ќе одржи свој
целовечерен осмомартовски концерт, утре, вторник (06.03.2018) во центарот за
култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Учениците од ова училиште по повод денот на жената „8-Ми Март“ подготвија
со своите ментори дваесет и пет композиции од светските композитори на
класична музика.

Љубителите на класичната музика ќе може да уживаат во овие прекрасни
изведби на младите музички таленти од Прилеп.