Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“, по повод одбележувањето на Денот на пролетта и Денот на екологијата, на 21.03.2019 година (четврток), организираат еколошка акција „Еко Прилеп“.

Со акцијата предвидено е чистење и пошумување и истата има за цел активно вклучување на јавниот и приватниот сектор од Прилеп. Почетокот на еколошката акција „Еко Прилеп“ е во 08.00 часот а изјавите за медиумите ќе бидат во 11.00 часот на паркот на  Могилата на непобедените (кај фонтаната).

Ќе се чисти на следните локации: паркот на Могилата на непобедените, околу  новите и старите градски гробишта, двете страни на патот до населеното место Волково, патот од потегот на салон „Анита “ до депонијата „Алинци“, двете страни на патот до Вештачкото езеро каде е предвидено да се исчистат четири диви депонии од кои едната е наспроти објектот од стариот мотел.

Во рамките на акцијата предвидено е да се засадат околу 150 листопадни и зимзелени садници на парковските површини на Могилата на непобедените, во централното градско подрачје и во паркот кај судот.

 Со почит,

Општина Прилеп