ОМУ „Ордан Михајлоски – Оцка“ и ОУ „Гоце Делчев“ ги чествуваат своите патрони празници

Општинска делегација предводена од градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски, прилепската организација на Сојузот на борци, директорите и наставниците од основното музичко училиште „Ордан Михајлоски – Оцка“ и основното училиште „Гоце Делчев“, наставен кадар од другите училишта во градот и почитувачи на ликот и делото на двата големи македонски револуционери, денеска ja одбележаа, 116 годишнината од смртта на македонскиот револуционер, бескомпромисен борец за самостојна македонска држава, Гоце Делчев и 77 годишнината од смртта на прилепскиот херој, учесник во НОБ,Ордан Михајлоски – Оцка.

Делегациите положија свежи цвеќиња пред спомен бистата на Гоце Делчев во ООУ „Гоце Делчев“ и на Могилата на непобедените.

Ученицит во двете училишта изведоа културно-уметничка програма во чест на патрониот празник.