Врз основа на член 14 од Правилникот за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп бр. 09-2844/5 од 23.08.2023 година, Градоначалникот на Општина Прилеп на ден 29.09.2025 година ја донесе следната:
ОДЛУКА
за измена на Одлуката за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, жители на Општина Прилеп за една академска година
Член 1
Во одлуката за доделување на стипендии на студенти на Економски факултет Прилеп, жители на Општина Прилеп за една академска година бр.03-2942/15 од 24.09.2025 година, член 1 се менува и гласи:
,,Се доделуваат стипендии за една академска година на следните студенти на Економски факултет – Прилеп, кои се жители на Општина Прилеп и ги исполнуваат условите согласно Правилникот:
-Георгина Стојаноска
-Михаела Слабакоска
-Бојан Цветаноски
-Сара Јонческа
-Тамара Божиноска
-Тамара Глигороска
-Мила Макалоска
-Теодора Ристеска”
Член 2
Согласно извршената проверка со Економски факултет – Прилеп: Михаела Јанческа и Изабела Стојков веќе се корисници на стипендии од страна на факултетот, а додека пак Христијан Јонзоски е запишан во втор уписен рок, со што не ги исполнуваат условите утврдени во Правилникот,и поради тоа се изземаат од основната Одлука и немаат право на стипендија од страна на Општина Прилеп.
Член 3
Градоначалникот на Општина Прилеп ќе склучи поединечни договори со студентите од Член 1 на оваа одлука за користење на стипендијата, при што детално ќе бидат уредени начинот и условите за користење.
Член 4
Оваа Одлука стапува во сила веднаш и ќе биде објавена на официјалната веб-страница на Општина Прилеп.
Градоначалник
на Општина Прилеп
Борче Јовчески