Одбележана 76 годишнината од загинувањето на народниот херој Кире Гаврилоски-Јане

По повод 76 годишнината од загинувањето на Кире Гаврилоски – Јане, Општинското основно училиште кое го носи неговото име, денеска го одбележа својот патрон празник

По тој повод, претставници на училиштето положија цвеќе на местото на загинување на Кире Гаврилоски – Јане, на неговата биста во Алејата на народните херои и на Могилата на непобедените, во Паркот на револуцијата.

Патрониот празник беше одбележан согласно препораките и уредбите на Владата за забрана за групирање на повеќе од две лица. Од тие причини, видео обраќање во чест на патронот имаа директорката, Кети Стевананџија и повеќемина наставници од ООУ „Кире Гаврилоски“.